Сонот на Јане се исполни, се запозна со својот идол Пол Погба
Кој вели дека детските сонови не се исполнуваат? Овој ден беше како од бајка за деветгодишниот Јане Велковски, кој се запозна со својот идол Пол Погба.
По директната покана на францускиот ас да го следи натпреварот на Манчестер Јунајтед против Севиља на „Олд Трафорд“, нашиот мал херој беше пречекан од фудбалските ѕвезди на „ѓаволите“, кои му посакаа топло добредојде, а посебен беше моментот кога Јане пред себе го здогледа Погба.
Во краток разговор со Погба, малиот Велковски кој е голем фудбалски фан, истакна дека е пресреќен што е во вакво друштво и дека во живо се запозна со своите идоли. Пол има големо срце и го смести Јане, неговиот помлад брат Огнен и родителите во приватната ложа во која заедно со мајката и братот на Погба го следеа дуелот Манчестер Јунајтед – Севиља. Јане и Оги беа пресреќни, добија подароци, се возеа со автомобилот на Погба и го поканија францускиот фудбалер во Македонија, барем еднаш да го облече дресот на Вардар. Гостите од Македонија направија големата ѕвезда целосно да го заборави поразот и европската елиминација.
Jане и неговата фамилија повторно ќе биде гостин на Манчестер Јунајтед и ќе има можност детално да се запознае со „Олд Трафорд“, клупските трофеи и историјата на славниот англиски клуб. Полно со емоции во четврток попладне семејството Велковски ќе се врати во Скопје со успешната мисија и едно се надеваме долго пријателство меѓу Јане и Пол.
Јане е вистинска мала сензација во Македонија. Боледува од спинална мускулна атрофија (СМА), ретка болест за која чека лекот да биде одобрен во Македонија. Неговата популарност почна да расте кога за првпат се појави како придружба на репрезентацијата на Македонија на квалификацискиот натпревар против Шпанија во јуни, а потоа беше дел од проектот „EqualGame“ на УЕФА и сними рекламен спот кој премногу брзо стана хит и допре до големите фудбалски ѕвезди како Пол Погба, Фиго, Роберт Пирес, Нуно Гомез…
ФОТО: Гол.мк
Ново на Сител
-
Пожар зафати куќа во неготинско Долни Дисан
-
Врховен задутре ќе одржи јавна седница по жалбата на таткото на Вања против мерката притвор
-
Минималната синдикална кошница за април 60.212 денари, зголемена за 1.214 денари во однос на март
-
Цената на лебот засега е стабилна и нема да се менува, велат од Агро-бизнис комората при ССК
-
МВР, ЈО и АНБ комплетно подготвени за претстојните претседателски избори
-
Инаугурацијата на Путин ќе се одржи на 7 мај
-
Шојгу: Русија ќе ги интензивира нападите врз складишта со западно оружје во Украина
-
Просечната плата во февруари изнесува 39.276 денари