СОНК: Попладне можна средба со Владата
СОНК денеска на прес-конференција најави продолжување на штрајкот во градинките и училиштата поради барањата за усогласување на платите.
– До овој момент немаме взаемен договор со ресорните министри околу нашите барања, очекуваме потврда за средба во попладневните часови, но конкретни информации засега нема ништо. Нашето очекување е дека во интерес на децата во училиштата и колегите кои штрајкуваат, Владата ќе изнајде сили да направи напори да ги усогласи нашите побарувања на СОНК во однос на усогласување на минималната плата на национално ниво. И секако очекуваме договор на динамика за усогласување на платите во образованието во текот на оваа година и годините што ќе следат – изјави претседателот на СОНК Јаким Неделков.
Неделков додаде дека денес попладне и утре јавноста ќе биде информирана за напредокот на разговорите со Владата.
Ново на Сител
-
Преглед на вестите од светот
-
Собранието расправа за измените во Изборниот законик за учество на независните на изборите
-
Голема историска средба Трамп-Путин на Алјаска, Зеленски очекува покана за следната средба
-
Тема на денот со Васко Наумовски, поранешен амбасадор во САД
-
Голем пожар во Јажинце
-
Стојановска: Прагот од 0.95% потребни потписи е потценување на независните
-
Самит САД-Русија посветен на иднината на Украина на Алјаска
-
Два критични пожари во околината на Скопје