СОНК денеска на нови преговори со Владата за платите
Самостојниот синдикат за образование, наука и култура (СОНК) на фејсбук-страницата соопшти дека преговорите со Владата ќе продолжат вечер во 18 часот, во просториите на Министерството за финансии. По средбата на делегација од СОНК во Владата во вторникот, ова ќе биде нов обид за договор за исполнување на барањето на Синдикатот за зголемување на платите односно усогласување со минималната во дејностите образование и детска заштита.
По средбата на делегација на СОНК предводена од претседателот Јаким Неделков со Владата на 29 март, Синдикатот соопшти дека од 11 април вработените во училиштата и градинките ќе стапат во генерален штрајк доколку не се исполнат нивните барања.
Владата во соопштение, пак, истакна дека е отворена за континуиран дијалог „со цел изнаоѓање одржливи и системски решенија кои ќе постават рамка која ќе го заштити стандардот и интегритетот на наставниот кадар, а со акцент на стартната позиција врзана со социјалниот статус на вработените во воспитно-образовниот систем како основ за понатамошните разговори“.
СОНК бара зголемување на платите за 18,5 проценти односно нивно усогласување со миниманата плата која од овој месец се зголемува од 15.200 на 18.000 денари и дополнително минималната плата да биде основица со која ќе се множат коефицинетите на сложеност на работни места.
Ново на Сител
-
Александар Стефанов нов претседател на Ракометната федерација на Македонија
-
Пробале да го легитимираат, а тој со возилото удрил во полициско службено возило
-
Пронајдена дрога во Струмица и Гевгелија, приведени пет дилери
-
По инцидентите на масовниот протест во Атина приведени 220 лица
-
Зеленски на средба со европските и лидерите на НАТО во Лондон
-
Пронајдена граната од Прва светска војна во дворот на Педагошкиот факултет во Битола
-
Тешко повреден 70-годишен скопјанец откако бил удрен од автобус на ЈСП
-
Тетовчанец со возило удрил малолетник и побегнал