-->
-->
Соња осудена на осум недели затвор зашто ги полудувала соседите со гласна музика!
-->

Соња Брус од Виленхол, мајка на три деца, е осудена на 8 недели затвор бидејќи континуирано гласно ја пуштала песната „Shape of You“ од Ед Ширан!
Приказната е исклучително невообичаена и не се знае кој се однесувал почудно – дали пречувствителните соседи, дали Соња Брус или судијата кој бил уверен дека осудената жена се однесува „неверојатно нецивилизирано“.
Имено, мајката на три деца е осудена на затвор откако пуштала една иста песна континуирано во времетраење од – половина час! На нејзината молба да не оди во затвор бидејќи ќе нема кој да се грижи за нејзините деца, судијата и одговорил дека се однесува преемотивно и ќе оди во затвор.
– Секој има право на тивок амбиент каде што живее, а вие не се однесувате цивилизирано и ќе мора да научите да го правите тоа – рекол судијата.
Сосетката Клер Тидмарш, која ја пријавила Соња, водела дневник за однесувањето на Соња и дури инсталирала камера за да ја следи „во обид да го контролира однесувањето на госпоѓата Брус “ – соопштено е на судењето.
Тидмарш се жалела не само на гласна музика туку и на постојани викотници и пцовки од домот на Соња Брус, како и на врвулица од луѓе кои оделе кај неа и правеле метеж!
Таа дури се жалела дека почнала да размислува да се пресели од својата куќа за да не биде покрај Брус.
На ова Брус одговорила дека воопшто не ја пуштала песната за која е обвинета бидејќи не и се ни допаѓа, и дека Тидмарш се сели затоа што има 5 деца и потребна и е поголема куќа, а не поради неа.
Но судијата не уважил ни еден аргумент на тужената жена.
На нејзината забелешка дека не треба да оди во затвор бидејќи има деца за кои треба да се грижи, судијата одговорил: Треба и ќе одиш! Мора да научиш да се однесуваш како разумна и одговорна возрасна личност, а не да го правиш животот на соседите мизерен. Семејството Тидмарш се пристојни луѓе кои ја имаат таа несреќа да живеат во твоја близина!
-->
-->
-->
Ново на Сител
-

Тошковски: Жената треба да се чувствува најбезбедно во својот дом, со новиот закон се предвидуваат и електронски алки за насилниците
-

Сиљановска-Давкова на Самитот на ЕПЗ во Даблин: Европа не треба да си дозволи да остане недоволно поврзана со Западен Балкан
-

Трамп: На САД не им треба договор со Иран
-

Трамп се закани со двојно зголемување на царините ако Мексико не го запре мигрантите
-

Криминална организација во Солун шверцувала над 17 милиони цигари и незаконски се стекнала со 1,36 милиони евра
-

По аферата со кинеска шпионка, оставка на извршниот директор на „Енвидија“
-

Фон дер Лајен на ЕПЗ во Даблин: ЕУ ќе ја поддржи Украина и во војна и во мир
-

Инвестирани над 40 милиони денари за Стоматолошкиот клинички центар „Св. Пантелејмон“
