-->
-->
Сончево со услови за локален пороен дожд и грмежи
-->

Од Управата за хидрометеоролошки работи за денеска најавуваат сончево време со мала до умерена облачност. Попладне, претежно во југоисточните делови, ќе има услови за локален пороен дожд и грмежи.
Се очекува слаб до умерен ветер од источен правец. Минималната температура ќе биде во интервал од 10 до 18, а максималната ќе достигне од 28 до 35 Целзиусови степени.
Во Скопје, исто така, најавено е сончево време со мала до умерена облачност. Според синоптичарите, ќе дува слаб до умерен ветер од јужен правец. Се очекува минималната температура да се спушти до 18, а максималната да достигне до 35 Целзиусови степени.
Според најавите, следува период на стабилно и потопло време, освен во вторник, кога ќе има услови за локален пороен дожд и грмежи.
МИА
-->
-->
-->
Ново на Сител
-

Тема на денот со Орце Симов, претседател на ИКТ комората
-

Пожарот стигна до куќите во Куклиш
-

Тутунарите бараат осигурување со договорот
-

Нема труење во Тетово - цревните инфекции доминираат во педијатриските оддели
-

Владата бара Китановиќ да го повлече ставот за Младиќ или да си поднесе оставка
-

СДСМ бара транспарентност за дата-центрите, ВМРО-ДПМНЕ уверува дека носат развој
-

„Градски воз“: За 25 минути од Зелениково до Железничка - едносмерен билет 40, повратен 70 денари
-

Успешна туристичка сезона во Дојран
