Македонија
10. May 2017 - 8:35

Сончево со умерена облачност и температура до 24 степени

Времето во Македонија ќе биде сончево со умерена облачност, во западните делови променливо облачно, претпладне со повремен дожд со слаб интензитет. Ќе дува слаб, а вдолж Повардарието повремено умерен северен ветер.

Утринската температура ќе се движи од четири до 10, а дневната од 12 до 24 степени.

Во Скопје ќе биде сончево со умерена облачност. Ќе дува слаб умерен северен ветер.

Утринската температура до 10, а дневната до 22 степени. 

Од четврток до сабота времето ќе биде претежно стабилно со умерен до засилен јужен ветер и со побрз пораст на дневната температура на воздухот, која во саботаќе е највисока. Доста топло се очекува да биде во јужните делови и вдолж Повардарието и температурата на повеќе места ќе достигне 30 степени.