Сончево со умерена облачност и повремен локален дожд
Времето претпладне сончево со умерена облачност, освен на крајниот југоисток каде ќе биде облачно со повремен локален дожд. Попладне, во вечерните и ноќните часови облачно со врнежи од дожд. Врнежите ќе почнат од запад, а во вечерните и ноќните часови зоната на врнежи ќе се прошири во целата земја. На повеќе места се очекуваат обилни врнежи, а локално во текот на ноќта ќе бидат поројни и проследени со грмежи. Ќе дува засилен ветер од југоисточен правец. Утринската температура ќе биде во интервал од 7 до 16, а дневната од 20 до 25 степени.
Во Скопје претпладне сончево со умерена облачност. Попладне облачно, а во вечерните и ноќните часови со врнежи од дожд, кои повремено ќе бидат поројни. Ќе дува засилен југоисточен ветер. Утринската температура ќе биде околу 10, а дневната ќе достигне 24 степени.
Во вторник претпладне се уште ќе има врнежи од дожд, кои во источните делови ќе бидат пообилни и проследени со грмежи. Ќе дува засилен ветер од југозападен правец. Преодно стабилизирање на времето ќе има во среда, а нов влажен бран се очекува во четврток кон крајот на денот и во петок.
Ново на Сител
-
Тема на денот со проф. д-р Весна Мојсова Чепишевска
-
Од Крива Паланка до Куманово ќе се патува 40 минути
-
Нефер трговските практики ќе се казнуваат до 20.000 евра
-
Што ќе одлучи Бугарија по одлуките на Стразбур?
-
До крајот на јануари ќе почне примена на Законот за употреба на македонскиот јазик - Има ли државата капацитет?
-
Илјадници лица со оштетен вид не го познаваат Брајовото писмо – Недостаток на образовниот систем
-
Ветерот и снегот малку го исчистија воздухот – синоќа Скопје беше најзагаден град во светот
-
Струмица и понатаму меѓу најзагадените градови