Сончево со температура до 36 степени, нестабилно време за викендот

Времето денеска ќе биде сончево со умерена облачност. Ќе дува слаб до умерен ветер од североисточен правец, информира Управата за хидрометеоролошки работи.
Минималната температура ќе се движи во интервал од 11 до 20, а максималната ќе достигне од 29 до 36 степени.
Во Скопје, сончево со умерена облачност. Ќе дува слаб до умерен ветер од северен правец. Утринската температура ќе се спушти до 18, а дневната ќе достигне до 36 степени.
Според најавите на УХМР, во деновите од викендот ќе преовладува сончево време со умерена облачност. Во попладневните часови ќе има услови за изолирана појава на нестабилност со пороен дожд и грмежи.
Во првите два дена од новата седмица времето ќе биде променливо облачно, на повеќе места нестабилно со пороен дожд, грмежи и услови за локално невреме со засилен ветер и изолирана појава на град.
МИА
Ново на Сител
-

Колони возила на бензинските станици
-

Колони возила на бензинските станици
-

Тема на денот со Тони Менкиновски, адвокат
-

ВМРО-ДПМНЕ со слики го потсети Филипче дека лажеше за мигрантите, СДСМ тврди дека мигрантите доаѓаат
-

Почна со работа меѓупартиската група за Изборен законик
-

Невладиниот сектор алармира: Имаме политики за заштита на жените, но не се имплементираат
-

83 години од депортацијата на штипските евреи
-

Од полноќ дизелот поскап за 14,5 денари, гужва на бензинските
