Сончево претпладне, попладне дожд
Времето во Македонија ќе биде претежно сончево со мала до умерена облачност. Попладне ќе има услови за краткотраен локален дожд во планинските подрачја.
Утринската температура ќе се движи од еден до девет, а дневната од 19 до 27 степени.
Во Скопје ќе биде сончево и топло со мала до умерена облачност во попладневните часови.
Утринската температура ќе се спушти до седум, а дневната ќе достигне до 24 степени.
Позначителен влажен бран од север ќе помине преку нашава земја в недела попладне и во ноќните часови кон понеделник. Се очекува да биде проследен со поројни врнежи од дожд и грмежи. На места, особено во северозападните делови на земја се очекува да наврнат околу 20 л/м2 воден талог. Од недела навечер ќе почне да дува повремено засилен северен ветер. Потоа ќе настапи разведрување, но ќе се задржи ветровито и посвежо. Од среда се очекува зголемување на облачноста и повремени врнежи од дожд, а на планините од снег.
Ново на Сител
-
Обука за медицински персонал од штипска физикална за третман на повредините во пожарот во Кочани
-
Преглед на вестите од светот
-
МВР истражува дали е подметнат пожарот во куќата на Пандов
-
Камбовски: Оставки не носат реформи во судството
-
Судиите бараат да бидат вклучени во законски измени на правосудството
-
СДСМ: Наместо решение за цените, добивме маркетиншки трикови
-
Нови авио линии, поголем број на туристи
-
Преглед на вестите од светот