Македонија
15. јуни 2016 - 8:16

Сончево и уште потопло време

Времето во Македонија ќе биде сончево со мала локална облачност и со умерен, а во западните делови повремено засилен ветер од западен и југозападен правец.

УВ индексот ќе изнесува 8.

Утринската температура ќе се движи од девет до 14, а дневната највисока температура на воздухот ќе се движи во интервалот од  24 до 32 степена.

Во Скопје ќе биде сончево и потопло со мала локална  облачност и со умерен ветер од  југозападен правец.

Температурата ќе се движи од 13 до 30 степени.

Најтопло ќе биде за време на продолжениот викенд, кога на повеќе места температурата на воздухот ќе надмине 35 степени, а вдолж Повардарието ќе достигне и 40 степени.