Сончево и топло време, уживајте додека трае
Времето во Македонија ќе биде сончево и топло со мала до умерена облачност и слаб до умерен западен ветер. Попладне во планинските предели ќе има услови за локален краткотраен дожд со ретки грмежи.
Утринската температура ќе се движи од осум до 12, a дневната од 19 до 29 степени.
Во Скопје ќе биде сончево со мала до умерена облачност и слаб до умерен западен ветер.
Утринската температура ќе достигне до осум степени, а дневната до 29 степени.
До четврток ќе преовладува стабилно и топло време со пораст на температурата на воздухот. Во попладневните часови во планинските предели е можна појава на краткотраен дожд со ретки грмежи.
Од петок нашето подрачје ќе потпадне под влијание на серија од влажни воздушни бранови, кои ќе условат поројни врнежи од дожд проследени со грмежи.
Ново на Сител
-
22 македонски државјани побарале помош за напуштање на територија на Израел
-
Алиу: Ќе ги дисперзираме услугите за онколошките пациенти онаму каде што има услови
-
Пронајден череп и коски слични на човечки во штипско
-
Пробиштип: Товарно возило удрило во 68-годишна жена
-
Таксист измамил Швајцарец во Скопје за 7.800 денари
-
Двајца косовски државјани тешко повредени во сообраќајка
-
Зеленски: Следната недела нова размена на затвореници со Русија
-
Израелскиот воздушен простор останува затворен за цивилниот сообраќај