Сончево и топло, со утринска магла по котлините

Синоптичарите за денеска најавуваат сончево време со умерена облачност и утринска магла во одделни котлини. Ќе дува слаб до умерен ветер од јужен правец. Утринската температура ќе се движи од нула до 6, а дневната од 13 до 22 степени.
Во Скопје сично време со слаб ветер од југоисточен правец и утринска температура до еден степен. Дневната температура ќе достигне до 16 степени.
Во деновите од викендот ќе се задржи стабилно и топло време со натпросечни дневни температури што ќе предизвика топење на снежната покривка на планините. По котлините во утринските и раните претпладневни часови ќе има појава на магла и ниска облачност. Ќе дува слаб до умерен ветер од јужен правец. Од понеделник под влијание на влаже брна се очекува промена на времето со врнежи од дожд кои наместа ќе бидат поројни и ќе дува засилен јужен ветер. Повремени локални врнежи од дожд ќе има и во среда.
Ново на Сител
-

Нов смртен случај од компликации од грип
-

Смарт зелен бран ќе ги чини скопјани 25 милиони денари, Ѓорѓиевски ќе мести и CCTV камери за да се бори со вандалите
-

Ѓорѓиевски: Скопје излегува од финансиски колапс
-

Членовите на УПОЗ ќе одлучат дали понудата на Владата е прифатлива
-

Продолжува судењето за Пулс
-

Советот на јавни обвинители ги чека предлозите од Владата
-

Филипче: Да се зголеми минималната плата
-

Ѓорѓиевски: Скопје застанува на нозе
