Сончево и студено време

Времето наутро ќе биде ведро и студено, а преку денот сончево и тивко со услови за појава на утринска магла по одделни котлини. Утринската температура ќе се движи од минус десет до минус еден, а дневната од шест до 13 Целзиусови степени.
Утре времето ќе биде променливо облачно, а попладне со локален слаб дожд, на планините слаб снег. Ќе дува умерен северозападен ветер. Минимална температура ќе биде во интервал од минус седум до два степена, а максималната од пет до до 12 Целзиусови степени.
В недела ќе биде променливо облачно, претпладне со услови за слаб дожд на некои пониски места и слаб снег на планините. Ќе дува слаб до умерен ветер од северозападен правец. Попладне облачноста ќе се намали. Минималната температура ќе биде во интервал од минус четири до четири степени, а максималната температура од четири до 10 Целзиусови степени.
Ново на Сител
-

Лукман потпиша за Атлетико Мадрид
-

Португалија планира да ги забрани социјалните медиуми за лица под 16 години
-

Борозан нов ракометар на ГРК Охрид
-

Состанок ЕУ-Западен Балкан посветен на предизвиците на превозниците
-

Трамп: Наскоро доаѓаат добри вести за завршување на војната во Украина
-

Променливо облачно, температурата до 11 степени
-

Сообраќајка меѓу три возила на експресниот пат Кочани-Штип
-

Пленковиќ ги отфрла обвинувањата за кршење на Уставот
