Лукман потпиша за Атлетико Мадрид

Досегашниот фудбалер на калчолигашот Аталанта, Адемола Лукман, е нов напаѓач на шпанскиот гигант Атлетико Мадрид, објави денеска италијанскиот клуб.
Лукман го напушти клубот од Бергамо по три и пол сезони, во кои кои одигра 137 натпревари и со Аталанта го освои трофејот во Лига Европа, во сезоната 2023/2024. Лукман во финалето против Баер Леверкузен (3-0) ги постигна сите три голови.
Италијанскиот клуб не ги објави финансиските детали од договорот, а британските медиуми објавија дека трансферот на 28-годишниот нигериски репрезентативец вреди 35 милиони евра.
Лукман е роден во Англија и кариерата ја почна во лондонски Чарлтон, по што настапуваше за Евертон, Лајпциг, Фулам и Лестер.
Во младинските категории го носеше дресот на Англија, а дебитираше за сениорската репрезентација на Нигерија во 2022 година.
МИА
Ново на Сител
-

Голема акција на МВР во поранешната фабрика ОХИС во врска со пронајдените 5 тони марихуана
-

Мицкоски: „Безбеден град“ дава резултати – сообраќајките преполовени, прекршоците под 500 дневно
-

Словенечката влада усвои рамка за ограничување на социјалните мрежи за лица под 15 години
-

Мицкоски: Секако дека ќе дојдеме до разрешница за „извозот“ на мозочни ткива од починати лица во САД
-

Објавен Коментар на Законот за општа управна постапка - важен за Сејф сити и сите управни постапки
-

Опожарен продажен објект во Куманово
-

Ѓорѓиевски: Даноците и цената на паркингот ќе останат исти
-

Ќе бидат обележани околу 150 „црни“ точки на скопските улици за поголема безбедност во сообраќајот
