Сончево и натпросечно топло со температура до 43 степени
Времето денеска ќе биде сончево и натпросечно топло со слаб до умерен ветер од западен правец. Минималната температура ќе биде во интервал од 14 до 24, а максималната ќе достигне од 35 до 43 степени Целзиусови. УВ индексот ќе изнесува 9.
Во Скопје ќе биде сончево и натпросечно топло со слаб до умерен ветер од западен правец. Минималната температура ќе се спушти до 20, а максималната ќе достигне 42 степени.
Според најавите од Управата за хидрометеоролошки работи (УХМР), под влијание на многу топла воздушна маса од југ до 6 август продолжува периодот на стабилно и исклучително многу топло време со натпросечни температури за овој период од годината. Ќе биде активирано портокалово ниво на опасност од високи температури, а вредноста на УВ индексот ќе изнесува 9. Наместа вдолж Повардарието температурата ќе го надмине и 42-риот степен.
Ново на Сител
-
Значајна инвестиција
-
Дисциплинска комисија ќе утврдува зошто доктор уролог „хистерично“ викал во амбулантите на клиниката
-
Милорад Додик осуден на една година затвор
-
Месец на франкофонијата
-
Економијата тоне
-
Членовите на Судски не чувствуваат одговорност во пресрет на интерпелацијата
-
Сончогледот повторно се враќа на македонските полиња
-
Преглед на вестите од светот