Сончево и многу топло време, попладне разладување

Времето денеска ќе биде сончево со мала до умерена облачност, а попладне во планинските предели со услови за краткотраен пороен дожд, особено на исток. Ќе дува слаб до умерен југоисточен ветер.
Утринската температура ќе се движи од шест до 13 степени, а дневната од 24 до 30 степени. УВ-индексот ќе изнесува 7.
Во Скопје слично време, сончево со мала до умерена облачност, а попладне краткотрајно облачноста ќе се зголеми. Ќе дува слаб до умерен југоисточен ветер. Температурата ќе биде во интервал од 11 до 29 степени.
В четврток во планинските предели особено на запад ќе има услови за краткотраен пороен дожд и ретки грмежи, а ветерот повремено ќе засилува. Потоа ќе продолжи период на променливо облачно и нестабилно време во кој претежно во попладневните часови ќе има повремени врнежи од дожд, понекаде поројни и проследени со грмежи. Повеќе врнежи се очекуваат в четврток и сабота, особено во западните делови.
Ново на Сител
-

Трет состанок на националниот консултативен механизам за реформската агенда
-

Повик за правда, во сабота Виница ќе маршира за жртвите во дискотеката „Пулс“
-

Преглед на вестите од светот
-

ОЈО: Јавниот обвинител не може да спречи никого да го бара на телефон
-

Тема на денот со Драган Даниловски, епидемиолог
-

Преглед на вестите од светот
-

СДСМ: Мицкоски врши притисок врз обвинителството
-

Мицкоски шокиран од запрената истрага за мазутот
