Сончево и многу топло, од четврток постепено опаѓање на температурата
Времето денеска ќе биде сончево и многу топло со мала до умерена локална облачност. Попладне во планинските региони ќе има услови за краткотраен дожд и грмежи. Ќе дува слаб ветер од северен правец.
Минималната температура ќе биде во интервал од 12 до 20, а максималната ќе достигне од 30 до 38 степени. УВ-индексот ќе има вредност 7.
Во Скопје сончево и топло со мала до умерена облачност и со слаб северен ветер. Минималната температура ќе се спушти до 18, а максималната ќе достигне 37 степени.
Според прогнозата на УХМР, од денеска во попладневните часови, претежно во планинските подрачја, ќе има услови за изолирана појава на пороен дожд со грмежи.
-Повеќе услови за нестабилност ќе има од четврток кога на повеќе места ќе биде нестабилно со пороен дожд, грмежи и засилен ветер. Температурата во овој период ќе биде во постепено опаѓање, соопшти Управата за хидрометеоролошки работи.
Ново на Сител
-
ДЗР: ЈСП „СКОПЈЕ“ не е во состојба да обезбеди квалитетни и навремени услуги на граѓаните на град Скопје
-
ЦУК: Четиринаесет пожари на отворено, 1 770 повици на 112 во последното деноноќие
-
Прва годишна конференција на Блумберг Адрија во Скопје
-
Бонмати ја освои „Златната топка“ кај дамите
-
Винисиус со порака по неосвојувањето на „Златната топка“
-
Младите Македонци во просек остануваат да живеат со родителите до 32,1 година
-
Собранието треба да ја продолжи 17. седница
-
ФТ: Објавен планот на Трамп за ставање крај на војната во Украина