Македонија
5. February 2020 - 17:34

Сомнителен пакет бил испратен во британската амбасада во Скопје

Вчера  во 14.05 часот во Полициската станица за Надворешно физичко обезбедување - Скопје, од Британската амбасада било пријавено дека по пошта пристигнал сомнителен пакет, адресиран за вработен кој не очекувал никаква пратка. При преземени мерки, полициски службеници од Единицата за откривање на експлозивни средства и направи утврдиле дека не станува збор за експлозивна направа, туку во пратката има бел коверт, во кој имало две епрувети, кои биле одземени и дадени на вештачење. Се преземаат мерки за расчистување на настанот.