Сомнежи околу веродостојноста на гробницата на Филип Втори
Грчкото Министерство за култура ја одби иницијативата за меѓународно истражување од страна на научници од Грција, Шпанија и Франција на гробот на македонскиот крал Филип Втори.
Како што јави грчкиот сајт ин.њуз, ваквата иницијатива беше покрената откако група научници изнесоа мислење дека таткото на Александар Велики, Филип Втори всушност не е погребан во гробницата што ја откри грчкиот археолог Манолис Андроникос, туку во друга гробница во Кутлеш.
Во соопштението на Министерството се вели дека ваквите тврдења на научниците не можат да се сметаат за веродостојни, бидејќи тие аналиизрале само дел, а не сите коски откирени во гробнициата за која се смета дека му припаѓа на Филип Втори.
Научниците што ја покренаа иницијативата за меѓународно истражување сметаат дека теоријата на Андроникос за гробот на Филип Втори е погрешна, нагласувајќи дека тој заклучил оти останките му припѓаат на македонскиот крал само врз основа на раната на откриениот машки скелет, за која сметал дека е последица на повредите што тој ги здобил во битката против скитскиот крал Атеј во 339 година пред новата ера.
Во посочената гробница се откриени и коски на едно новороденче и на жена на возраст од околу 18 години, за кои се смета дека им припаѓаат на младата сопруга на Филип Втори, Клеопатра и на нејзиното новороденче, за кои се претпоставува дека се убиени веднаш по смртта на таткото на Александар Велики.
Ново на Сител
-
Мицкоски: Наместо европеизација на Балканот се случи балканизација на Европа
-
Двајца кавадарчани нападнале полицаец во угостителски објект, подоцна пресметката продолжила во болница
-
Земјотрес со јачина од 4,8 степени ја потресе Света Гора
-
Му се заканиле со нож, му одзеле 3000 денари, па го удриле неколку пати и избегале
-
Добротворна акција во КСОМ за помош на ранливите групи
-
Осум осомничени за престрелката во Чаир, полицијата се уште трага по три лица
-
Анчелоти ќе го финализира договорот доколку Реал Мадрид ја освои Ла Лига или Лигата на шампионите
-
27-годишен излета со мотоцикл на патот кон Табановце, тешко е повреден