Балкан
18. July 2016 - 11:07

Солзи на очите на Ердоган врз ковчегот на пријателот убиен од пучистите

Турскиот претседател Реџеп Таип Ердоган заплака денеска во текот на говорот на погребот на својот пријателч, кој загина во текот на обидот за државен удар во Турција.

Менаџерот на компанијата на Ердоган, Ерол Олчак и неговиот 16-годишен син Абдула Олчак загинале во петокот навечер кога војниците-пучисти отвориле оган на демонстрантите на Босфорскиот мост во Истанбул, пренесе AP.