-->
-->
Солскјер станал личен тренер на Лукаку и Марсијал
-->
Оле Гунар Солскјер влезе во улога на личен тренер на две од неговите ѕвезди. Норвешкиот менаџер на Манчестер Јунајтед одлучи да помогне индивидуално на Антони Марсијал и Ромелу Лукаку со „приватни сесии“ по тренинзите.
Ромелу Лукаку е навикнат кај Жозе Мурињо да игра со грб кон голот, додека Норвежанецот се обидува да го направи напаѓачот побрз при премин од одбрана во напад.
Сесиите траеле само 15-20 минути, но се јасен показател за индивидуалниот пристап на менаџерот.
Солскјер е обожавател на играта на Марсијал и со радост ја примил веста дека фудбалерот ќе потпише нов договор со клубот. Менаџерот сепак се надева дека крилото ќе почне да прави повеќе пробиви во казнетиот простор, за да реализира повеќе голови.
-->
-->
-->
Ново на Сител
-
Гвардиола: Никогаш не сум имал поголема верба во моите играчи
-
Поранешниот хрватски министер за здравство пуштен од истражен затвор да се брани од слобода
-
Шефовите на дипломатиите на арапските земји бараат итен прекин на огнот во Газа и Либан
-
Кривична за вработена во градинка, и се заканувала на нејзина колешка
-
Семеен масакр во Турција: Ги убил сопругата, детето и родителите, па се самоубил
-
Лекар од Гевгелија нападнат од возач во Итната медицинска помош
-
Приведено лице од Кочани, ВИН бројот во неговата сообраќајна дозвола и на возилото не се совпаѓале
-
Вучиќ: На грубоста, невоспитанието и ароганцијата ќе одговориме со уште повеќе работа