Соколов: Неверодостојна е информацијата дека ИД го собори рускиот авион

Руското Министерство за транспорт ги отфрли наводите дека рускиот патнички авион, што се урна на Синајски Полуостров, е соборен од терористи.
- Одредени медиуми сега објавуваат непроверена информација дека рускиот патнички авион кој полета од Шарм ел Шејк за Санкт Петербург наводно е соборен со ракета земја-воздух, лансирана од терористи. Таквата информација не може да се смета за веродостојна, изјави рускиот министер за транспорт Максим Соколов.
Египетскиот огранок на Исламска држава денеска на Твитер презеде одговорност за падот на рускиот авион, при што загинаа сите 224 патници и членови на екипажот.
- Војниците на калифатот успеаја во провинцијата Синај да соборат руски авион, со кој патуваа над 220 крстоносци и сите тие се мртви, објави ИД на Твитер.
ИД тврди дека соборувањето на авионот е одговор на руската интервенција во Сирија.
И повеќе воени експерти изјавија дека бунтовниците од ИД, кои дејствуваат во северниот дел на Синајскиот Полуостров, немаат ракети со кои би собориле авион, кој летал на висина над 8.000 метри. Тие не ја исклучуваат можноста во авионот да имало бомба или пак леталото кога се спуштило на помала висина поради техничка грешка да било погодено од ракета.
- Првичните податоци од истрагата на местото на несреќата покажуваат дека авионот се урнал поради техничка грешка, соопштија египетските власти.
Авионот паднал вертикално поради што поголеми делови од леталото се запалиле. Околу 150 тела се пронајдени во радиус од пет километри.
Египетски претставници потврдија дека нема преживеани во авионската несреќа.
Во Русија утре е прогласен ден на жалост, а телеграми со сочувство испратија британскиот премиер Дејвид Камерон, германската канцеларка Ангела Меркел и американскиот државен секретар Џон Кери.
Авионот Ербас 321 на руската авиокомпанија „Когалимавија“ се урна на околу сто километри од Ариш во северниот дел на Синај, при што загинаа 217 патници, од кои 17 деца и седум членови на екипажот. Според најновите извештаи, 214 патници биле руски државјани, тројца Украинци и еден белоруски државјанин.
Ново на Сител
-

Нов градски пулс: Музичкиот колектив ВЖНР (VZNR) го промовираше новиот албум „Син Дух“
-

Тема на денот со Дончо Герасимовски, поранешен директор на Државен завод за статистика
-

Викендов се затвора конкурсот за шеф на ОЈО ГОКК - Пријавени се четворица кандидати
-

Мицкоски задоволен од растот на економијата - СДСМ обвинува за историско задолжување
-

Македонија под висок ризик за пожари: И ноќеска скопјани спиеја со затворени прозорци поради пожарот во Ѓорче Петров
-

Ристески: Со училишната кошничка едно семејство со два ученика заштедува и до 3.000 денари
-

Струја нема вода нема, револт во Чешиново
-

Да се инвестира во надоградување на домашните работници, а не да се увезува работна рака
