Бизнис
28. September 2015 - 16:55

Сојузот на здруженија на пензионерите задоволен од покачувањето на пензиите

Повисок стандард и поголема материјална и социјална сигурност  за пензионерите ќе донесе септемвриското  како и планираното зголемување на пензиите  догодина. Од Сојузот на здруженија на пензионери задоволни од покачувањето, го поздравија порастот на нивните примања. Велат дека зголемувањето особено ќе им значи на оние што земаат најниски пензии

Аргировски посочи дека од 2006 досега пензиите се зголемени за 70, 3 отсто, а со просечна пензија од 212 евра Македонија останува лидер во регионот.

Просечната пензија во 2006 изнесувала 7.683 денари, а сега истата ќе изнесува 13.085 денари.