-->
-->
Сојлу: Ќе ги вратиме припадниците на Исламска држава во матичните земји
-->

Турскиот министер за внатрешни работи Сулејман Сојлу изјави дека Турција ќе ги испрати членовите на групите на Исламска држава во нивните матични земји.
Сојлу денеска рече дека членовите на екстремистичките групи кои се наоѓаат во Турција ќе бидат вратени без оглед на тоа што матичните земји им го одзеле државјанството.
Претходно тој порача дека Турција „не е хотел за нечии членови на ИД“.
Турција ги обвини сириските курдски сили во североисточна Сирија за ослободување на заробените припадници на ИД и нивните семејства од камповите.
Министерот Сојлу рече дека приведените странски државјани ќе бидат однесени во затвори или кампови во зоните под турска контрола во северна Сирија, вклучувајќи ги Џараблус, Ал-Баб, Азаз и Африн.
-->
-->
-->
Ново на Сител
-
Голема историска средба Трамп-Путин на Алјаска, Зеленски очекува покана за следната средба
-
Тема на денот со Васко Наумовски, поранешен амбасадор во САД
-
Голем пожар во Јажинце
-
Стојановска: Прагот од 0.95% потребни потписи е потценување на независните
-
Самит САД-Русија посветен на иднината на Украина на Алјаска
-
Два критични пожари во околината на Скопје
-
Цвета Ристовска е нов заменик претседател на Антикорупциска
-
Покана за распит на Билјана Ивановска