Социјални пакети за болни и изнемоштени пензионери во Македонска Каменица

Општина Македонска Каменица во соработка со Здружението на пензионери денеска додели 60 социјални пакети на болни и изнемоштени пензионери од оваа општина.
Градоначалникот Дарко Митевски истакна дека оваа активност е резултат на соработката со Здружението на пезнионери, која се спроведува веќе 8 години и е со цел да се помогне на оваа категорија граѓани.
- Акцијата која секоја година ја реализираме по повод новогодишните празници, годинава поради временските неприлики беше одложена, така што денеска ја завршуваме оваа активност. Оваа практика се покажа како добра во изминатиов период. Половина од пакетите се подготвени од Здружението на пензионери и се во рамките на социјалните програми на општината и во соработка со РОЦ Саса, рече Митевски.
Претседателот на Здружението Видан Конески, потенцираше дека акцијата докажува за добрата соработка со општина Македонска Каменица.
- Ние по ова се разликуваме од другите општини и здруженија. Оваа хумана акција, освен што значи помош за ранливите категории пензионери, значи и дека ние не сме ги заборавиле дека се грижиме за нив и ја имаат нашата поддршка. Јас очекувам ваквата соработка со општината да продолжи и во иднина, рече Конески.
Во текот на 2016 година, општина Македонска Каменица има доделено над 1 милион денари за реализација на најразлични социјални програми, од нив околу 700.000 денари се исплатени на социјално-загрозени лица, лица со ниски примања, лица со тешки здравствени проблеми и лица погодени од елементарни непогоди.
Ново на Сител
-

Мицкоски во посета на Универзитетската клиника за хируршки болести „Св. Наум Охридски“
-

Акција на МВР во УЈП Штип
-

Заменик министерот за правда: Лани 5.300 лица добиле примарна бесплатна правна помош
-

Минатата година 142 лица го загубија животот, над 7.000 беа повредени во сообраќајот
-

УГД студенти со практична настава во локалната самоуправа
-

Општина Прилеп доби грант од 50.000 долари од УНДП
-

Преглед на вестите од светот
-

Расте интересот за Лукоил, откако САД го продолжија рокот за продажба до 13 декември
