Социјалистите му се заканија на Мета дека ако „не се опамети“ ќе биде сменет од претседател

Се заострува реторката на политичките опоненти во екот на изборната кампања во Албанија за парламентарите избори на 25 јуни.
Генералниот секретар на Социјалистичката партија и координатор на пратеничката група на партијата во последниот собраниски состав,Грамоз Ручи,на изборниот митинг во Чакран,на претходните негови обвинувања на адреса на социјалистите, му се закани на новоизбраниот претседател Илир Мета дека „доколку не го смени мислењето ќе биде прв претседател кој ќе го вкуси разрешувањето“.
Потсетувајќи го како што рече,на неговата политичка кариера во Социјалистчката партија,Ручи го обвини Мета дека води валкана изборна кампања.
- Попусти му се притисоците и заканите,дека нема да потпише указ за новата влада.Не треба да забрави дека за претседател е избран со гласовите на Социјалистите. Доколку се уште го мисли тоа, тоа нека не дава заклетва на фукцијата на 24 јули.Доколку не се опамети ќе биде првиот претседател кој ќе доживее разрешување а токму јас ќе бидам првиот кој ќе ја потпише иницијативата,-порача Ручи.
Ова следува откако новиот претседателот Илир Мета,кој функцијата треба да ја преземе на 24 јули, упати отворена закана до лидерите на двете најголеми политички партии во земјата,на демократската, Љуљзим Баша и на социјалистичката Еди Рама, дека ќе ја искористи својата моќ, како шеф на државата и нема да потпише указ за нова влада,доколку го нарушат и манипулираат на изборниот процес.
Зборувајќи за Баша,кој во изборната кампања ја зголеми дозата на обвинувања кон Мета и партијата Движење за социјалистичка интеграција, чиј лидер беше до неодамна, тој рече дека Баша има многу проблеми, но „барем има едно добро кај него а тоа е дека не другарува со криминалци,бандити и мафијаши“,индиректно посочувајќи дека тоа го прави Рама.
Во изминатите четири години Движењето за социјалистичка интеграција и Социјалтиката партија беа во владеачката коалиција,а Мета беше претседател на Парламентот.
Ново на Сител
-

Николоски: Со изградбата на коридорите 8 и 10 Македонија ја зацврстува политичката и економска стабилност во регионот
-

61 возач фатен под дејство на алкохол, 14 возеле со над 1,50 промили
-

Вештак на судењето за „Пулс“: Дискотеката имала три влезови и излези, но не за евакуација
-

Ѓорѓиевски: Нов лик, подобри услови и поголема грижа - ЗОО Скопје се менува
-

Приведени осум возачи поради сторено кривично дело „безобѕирно управување возило“
-

Маск: На секое дете во Америка ќе му подарам по една акција од SpaceX – подарок вреден 10 милијарди долари
-

Мицкоски: Цените на храната и пијалоците во Македонија се меѓу најниските во регионот, потврди Евростат
-

Заврши петтото издание на „Wine Vision by Open Balkan“: Белград три дена во знакот на виното, ракијата и гастрономијата
