Сочувство од Иванов до белгискиот крал Филип
Претседателот на Република Македонија Ѓорге Иванов по повод терористичките напади во Брисел упати сочувство до белгискиот крал Филип.
- Со длабока загриженост ја примив веста за грозоморните напади во Брисел. Во овие мигови на длабока тага, дозволете ми во име на граѓаните на Република Македонија, да изразам искрено сочувство и да Ве поддржам и охрабрам во истрајноста и решителноста во борбата со тероризмот, насилството и злосторничките акти, без разлика од каде и од што се мотивирани. Најостро го осудувам овој терористички напад и ја споделувам големата болка за трагичната загуба во кукавичкиот акт. Ве молам, изразите на длабоко сочувство и нашата солидарност да ги пренесете до семејствата на трагично настраданите, се наведува во телеграмата од Иванов.
Ново на Сител
-
И државна помош и работа – се крои нов закон за социјалците
-
СДСМ: Цените растат – власта нема решение
-
Над 26 милиони рецепти реализирани во 2024 – стануваме поболна нација или хипохондрици?
-
Во Македонија младите се помалку се едуцираат за семејните вредности
-
Преговори Русија-Украина, без Путин и Зеленски
-
80 годишнина од кодификацијата на македонскиот јазик
-
Македонија останува атрактивна за странците
-
Вработен сум додека студирам - дали ги губам студентските права?