Собраниската седница по Информацијата за предлог-преговарачката рамка ќе биде дополнително закажана
Согласно Деловникот на Собранието, собранискиот претседател Талат Џафери ќе информира за датумот за свикување на пленарната седница на чиј дневен ред ќе биде Информацијата за содржината на предлог-преговарачката рамка доставена од Владата до законодавниот дом, соопшти денеска Кабинетот на претседателот на Собранието.
Како што се наведува во соопштението, на денешната редовна координација, собранискиот претседател Талат Џафери информира дека согласно член 185 од Деловникот на Собранието, тој ја доставува Информацијата до пратениците во форма во која што е добиена и нема надлежност да навлегува во нејзината содржина и нема деловничка одредба која што му овозможува да ја врати информацијата до предлагачот.
– Според процедурата, Информацијата која што е на дневен ред на пленарна седница се усвојува со донесување на Заклучоци по однос на Информацијата, додаде Џафери.
Вицепремиерот за европски прашања Бојан Маричиќ, кој присуствуваше на координацијата, информира дека ќе ги пренесе ставовите на опозицијата и информациите од оваа средба до Владата за потребата да се дополни Информацијата со материјалите кои што се јавно достапни и во неа се наведени како референца.
На денешната редовна координација свикана од претседателот на Собранието, Џафери, присуствуваа и потпретседателот на Собранието, Горан Мисовски, координаторите на пратеничките групи на ВМРО-ДПМНЕ, Никола Мицевски, на СДСМ, Јован Митревски, на ДУИ, Арбер Адеми и на Алијанса на Албанците, Илире Даути, како и претставниците на политичките партии БЕСА, Алтернатива и Левица.
Инаку, за денеска во Собранието е закажана пленарна седница со една точка на дневен ред – Ребаланс на Буџетот, за која што расправата ќе трае до пет дена.
Ново на Сител
-
Тема на денот со Никола Димитров, екс министер за надворешни работи
-
Состојба со пожарите во Трубарево и Дрисла
-
Состојба со пожарите во Трубарево и Дрисла
-
Четири лица завршија на токсикологија од пожарот во Трубарево – утре ќе се знае колку и со што е загаден воздухот
-
Партиите со меѓусебни обвинувања за пожарите и штетниот воздух
-
312 кандидати за градоначалници во 80 општини и Скопје, 18 се за главниот град
-
Сашко Јанчев од Левица удрил во двајца малолетници на мопед и е приведен во полиција
-
Хаос во образовниот процес во Кочани