Собраниската Комисија за одбрана и безбедност одржа средба со студенти од Филозофскиот факултет
Комисијата за одбрана и безбедност, предводена од претседателот Павле Арсоски, одржа средба со студенти од Институтот за безбедност при Филозофскиот факултет.
Како што соопштуваат од Собранието на Република Северна Македонија, Арсоски ги запознал студентите со работата на Собранието и надлежностите на Комисијата, вклучувајќи го и неодамнешното отворање на првата заштитена соба.
Пратеничката Марија Петрушевска ги охрабрила студентите да се посветат на образованието и да го применат стекнатото знаење во земјата.
Професорот од Филозофскиот факултет Марјан Ѓуровски изразил благодарност за можноста студентите да се запознаат со улогата на Собранието во безбедносниот систем. Студентите имале можност да поставуваат прашања и да се запознаат со историјата на законодавниот дом и значењето на парламентарната демократија.
Ново на Сител
-
Со хеликоптери се гаси пожарот кај Блаце
-
Модерен систем за управување со администрацијата
-
Алиу: За прв пат по 10 години ажурирана позитивната листа
-
Преглед на вестите од светот
-
Тема на денот со премиерот Христијан Мицкоски
-
ВМРО-ДПМНЕ го кандидираше Орце Ѓорѓиевски за градоначалник на Град Скопје
-
38 воени возила ќе се користат за гаснење на пожарите во државата
-
Мицкоски: Нема да има данок за неженети и немажени