Собраниската Комисија за надворешна политика ќе биде дополнително закажана
Собраниската Комисија за надворешна политика не ја одржа денешната седница. Одложување побара Артан Груби од ДУИ откако реагираше дека материјалите на албански јазик не биле доставени навреме.
Груби, како што рече, преводите за дневниот ред ги добил вчера, а не пет дена пред одржувањето на седницата како што е предвидено со Деловникот.
На седницата не присуствуваше министерот за надворешни работи Никола Попоски кој требаше да има експозе. Како што информира потпретседателката на Комисијата Светлана Карапетрова од ВМРО-ДПМНЕ, Попоски беше отсутен поради службени обврски.
На дневен ред на седницата, покрај излагањето на Попоски, беше и Предлог-законот за ратификација на Договорот меѓу македонската Влада и Владата на Кралството Данска за поттикнување и заемна заштита на инвестиции.
Седницата, рече Карапетрова, ќе биде дополнително закажана откако ќе бидат обезбедени услови за нејзино одржување.
Ново на Сител
-
Царинска управа: Спречени обиди за криумчарење злато, лекови и суплементи
-
Во Прилеп почнуваат чествувањата за Карпалак
-
ДЗР: Нефункционални објекти, дотраена опрема и изгубена можност за остварување дополнителни приходи на спортската сала „Борис Трајковски“
-
Кремљ: Путин прифати средба со Трамп
-
Казнети 46 возачи на електрични тротинети
-
Уапсени двајца возачи, возеле со по 1,93 и 1,59 промили алкохол во крвта и предизвикале сообраќајни незгоди
-
Лишени од слобода две лица во скопско Рашче, пукале на свадба
-
Билки штетни за во спалната соба