Собраниска подддршка за измени на Законот за здравствено осигурување во прво читање
Собранието на РМ во попладневниот дел од седницата го поддржаа во прво читање Предлог-законот за изменување и дополнување на Законот за здравствено осигурување, со кој ќе се ослободат од партиципација осигурениците што ќе аплицираат за биомедицинско потпомогнато оплодување (ин витро) за добивање второ, трето и за четврто дете до три обиди. Пратениците изгласаа заклучок дека предлогот е прифатлив и да се проследи во натамошно читање.
СДСМ го поддржа законот за проширување на опфатот на семејства кои сакаат да имаат дете, но смета дека мерката е популистичка бидејќи во буџетот, според оваа пратеничка група, нема доволно средства. Според пратеничката Јагода Шахпаска од СДСМ, предлогот е популистички пред избори зашто, рече таа, мал е интересот за ин витро за второ дете. Посочи дека треба да им се помогне на двојките кои немаат потомство за да станат родители со тоа што на пациентките ќе им се овозможи да добиваат пет пати ваучери, па затоа, рече таа, ќе предложат амандмански пет обиди ин витро за прво дете.
Пратениците од ВМРО-ДПМНЕ посочија дека пред 2006 методот не бил ни воведен во Македонија и паровите без деца оделе во странство и плаќале по 6 до 8 илјади евра. Во изминатите години за оваа постапка по околу 80.000 денари плаќа државата. Досега пациентките партиципираа со 6.000 денари, а со измените на Законот за здравствено осигурување се овозможува бесплатна постапка и целата сума од 80.000 денари да биде на товар на ФЗОМ.
На реакцијата на опозицијата од каде Владата ќе најде пари за ин витро до четврто дете, пратеникот Андон Чибишев рече дека ако граѓаните покажат интерес, Владата ќе најде пари. - Ако се процени дека има потреба и има интерес, Владата ќе реагира, рече Чибишев.
Од областа на здравството, во прва фаза поддршка од пратениците добија и Предлог на закон за изменување и дополнување на Законот за биомедицинско потпомогнато оплодување; Предлог на закон за изменување и дополнување на Законот за доброволно здравствено осигурување и Предлог на закон за изменување и дополнување на Законот за здравствената заштита.
Поддршка од пратениците добија и Предлог на закон за изменување и дополнување на Законот за употреба на македонскиот јазик во прво читање, со кој се уредува постапката за полагање испит за добивање лиценца за лектор и Предлог на закон за изменување и дополнување на Законот за заштита на културното наследство во прво читање, кој се однесува на полагање испит за стекнување лиценца и статус овластен конзерватор.
Продолжението на 67-мата собраниска седница ќе биде во понеделник од 11 часот.
Ново на Сител
-
Кратери повикуваат на мобилизација за натпреварот против Македонија Ѓорче Петров
-
Велика Британија: Подготвени сме да го браниме украинското небо
-
Руд: Ѓоковиќ е најголемиот спортист на сите времиња
-
ЦУК: Од вкупно 13 пожари на отворен простор, активни се четири
-
32-годишен скопјанец осомничен за разбојништво во Бучимци
-
Украинци: На руска територија има најмалку 20.000 киднапирани украински деца
-
Со хеликоптер на Армијата исфрлени 102 тони вода врз пожарот во Јасен
-
Албанија - црн рекорд во регионот, досега опожарени 55.154 хектари земјиште