Собраниска делегација на Интерпарламентарна конференција во Романија

Собраниска делегација од денеска до сабота во Букурешт ќе учествува на Интерпарламентарна конференција организирана од Комисијата за заедничка надворешна и безбедносна политика и Комисијата за заедничка безбедносна политика на државите членки на Европската унија.
Во состав на собраниската делегација се Хари Локвенец, претседател на Комисијата за одбрана и безбедност; Ејуп Аљими, координатор на пратеничката група на ДУИ, Емилија Александрова, член на Комисијата за одбрана и безбедност и надворешна политика и Ане Лашкоска, член на Комисијата за надворешна политика.
На конференцијата се очекува да се отвори дебата за имплементацијата на приоритетите на Романското претседателство со Советот на Европската Унија, а најавено е и обраќање на високата претставничка за надворешна и безбедносна политика на ЕУ, Федерика Могерини. Се очекува присуство на голем број министри од Романија, претставници од Европскиот парламент, Европската комисија и земјите членки на Европската Унија.
Според агендата, предвидена е и расправа за значајни и актуелни прашања како што се приоритетите и стратегијата за иднината на европската безбедност, стратешката важност на Црното Море во Европската Унија, начините за зајакнување на одбраната во ЕУ, Брегзит, како и за идните перспективи на ЕУ за земјите од Западен Балкан во процесот на проширување.
Ново на Сител
-

Државните вили по 30 години добиваат имотен лист - СОЗР делумно се согласува во извештајот на Ревизија
-

Дали Охрид ќе остане на листата светско наследство на УНЕСКО - владина делегација на средби во Париз
-

Преглед на вестите од светот
-

Со „Безбеден град“ ќе се намалат прекршоците
-

209 милиони денари за изградба на дом за стари лица во Кочани
-

Преглед на вестите од светот
-

Тема на денот со Горан Минчев, министер за јавна администрација
-

Преглед на вестите од светот
