Собраниска делегација на Интерпарламентарна конференција во Белград
Делегација од Собранието на Република Македонија предводена од пратениците од Комисијата за земјоделство, шумарство и водостопанство, Татјана Прентовиќ, Мира Стојчевска, Реџаиљ Исмаили и Панче Минов денеска во Белград ќе учествува на семинар на тема „Инструмент за пред-пристапна помош во руралниот развој: Научени лекции и идни перспективи".
Семинарот се одржува во рамки на Интерпарламентарната конференција, во организација на Европскиот Парламент и во соработка со Народното Собрание на Република Србија.
Интерпарламентарната конференција се очекува да биде отворена од претседателот на Комисијата за европска интеграција од Народното Собрание на Република Србија, Ненад Чанак, и од пратеникот во Европскиот Парламент и претседател на Комисијата за земјоделство Чеслав Сиекиерски.
Најавени се обраќања на претседателката на Народното Собрание на Република Србија Маја Гојковиќ, министерката за европски интеграции Јадранка Јоксимовиќ и Едуард Кукан, пратеник во ЕП и член на Комисијата за надворешни работи.
На Интерпарламентарната конференција се очекува учество на помошник министерот за секторот за рурален развој Зоран Јанјатовиќ, генералениот секретар за рурален развој и животна средина (SWG) за Југо Источна Европа Бобан Илиќ, и проф. Наталија Богданов од Факултет за земјоделство - Белград.
Ново на Сител
-
Кривична за двајца полицајци за злоупотреба на службената положба
-
Маск предлага амнестија за Зеленски во замена за мирни демократски промени во Украина
-
Посебен режим на сообраќај во Скопје
-
Орбан: Јасно се гледа стратешката разлика во ЕУ по изборите во САД, некои сакаат војна, а некои мир
-
Мицкоски: Се надевам дека нашиот процес на евроинтеграции ќе биде откочен со големата поддршка од Унгарија
-
Орбан: Зачленувањето на Северна Македонија во ЕУ оди бавно, за тоа не е одговорна земјата, туку Европската Унија
-
АХВ: Во природната вода Ругове од Косово присутни бактерии
-
Уште еден случај на мачење животни - возач врзал мачка на својот автомобил | ВИДЕО