Уште еден случај на мачење животни - возач врзал мачка на својот автомобил | ВИДЕО
На социјалните мрежи се споделува видео на кое се гледа возило, а од неговиот заден дел виси мачка. Видеото се споделува од граѓаните и граѓанските активисти со осуда за мачење на животното. Од Секторот за внатрешни работи денеска информираат дека работат на расчистување на случајот.
-Откако на социјални мрежи се појави снимката со возилото, полициски службеници од СВР Штип преземаат мерки и активности за пронаоѓање на сторителот и за расчистување на настанот, се вели во пишаниот одговор од СВР-Штип.
Од граѓанската иницијатива „Ние за благосостојба на животните/We for Animal Welfare“ информираат дека веќе доставиле пријава до Министерството за внатрешни работи по електронски пат, заедно со видеата.
-Во текот на денешниот ден истата пријава ќе биде доставена и во хартиена форма до архивата на Секторот за внатрешни работи во Штип. Дополнително, ќе биде доставена и кривична пријава до надлежното јавно обвинителство за овој случај, велат од граѓанската иницијатива Ние за благосостојба на животните.
Нагласуваат дека од видеото не може точно да се процени во каква состојба е мачката, но како што посочуваат, независно од тоа ова е еден од честите примери на мачење животни на ваков начин (со врзување и влечење за возило).
-За сличен случај, во судската пракса веќе постои пресуда од Основниот суд (К-506/22) во Гостивар за лицето Ѓ.Д., кое под исти околности влечело животно - куче, врзано за своето возило, по што му нанело тешки повреди. Не постои разумно, ниту логично објаснување зошто некој би го сторил ова, па оттука ваквите дејствија несомнено имаат обележја на кривичното дело „Убивање и мачење животни“ и против сторителот или сторителите треба да се покрене кривична пријава по службена должност, велат од иницијативата Ние за благосостојба на животните.
Посочуваат дека од информациите со кои располагаат видеото е снимено во текот на вчерашниот ден, на патот Штип-Неготино кон планината Серта. Сторителот засега не им е познат, но сметаат дека надлежните институции лесно можат да дојдат до идентитетот на лицето, со оглед на тоа што на видеото се гледа бројот на регистарските таблички.
Ново на Сител
-
РСБСП: Да ги заштитиме децата во сообраќајот
-
Обвинетите во „Геријатрија“ неиграат вина за примање поткуп за болнички прием
-
ЈП ПОЦ: Минатата недела санкционирани 100 непрописно паркирани возила во Центар
-
Нови правила за одобрување возила
-
ЕУ ослободи осум милиони евра од првата транша за Македонија преку Инструментот за раст за Западен Балкан
-
Македонија на 51. место според Глобалниот индекс за мир за 2025 година
-
Славески: Процесот на дезинфлацијата ќе продолжи, а инфлацијата ќе се врати на историските 2%
-
МОН: Успешна учебна година на учениците и наставниците