Собранието трет ден расправа за буџетот за наредната година
Трет ден пратениците расправаат по дополнетиот Предлог на Буџет за 2019 година, кој за мнозинството е развоен и во интерес на граѓаните, а за опозицијата нереален и не обезбедува пари за граѓаните.
Милева Горгиева од СДСМ истакна дека буџетот предвидува социјална еднаквост и подобар живот за сите граѓани.
-Овој буџет за 2019 година е рално остварлив економски буџет. Со неговите проекции за 2019 година се најавува пресвртница во економските политики. Во фокусот на Буџетот за 2019 се граѓаните, нивните потреби, и затоа велам дека е сеопфатен буџет за потребите на граѓаните, рече Ѓоргиева.
Таа додаде дека фискалната политика на Владата на РМ за 2019 година е во функција на обезбедување раст на македонската економија, социјланата сигурност и забрзување на пристапувањето во ЕУ И НАТО.
Таа оцени дека ова Влада ќе направи многу повеќе од она што е направено во 11-те години за време на претходната влада.
Нејзината сопартијка Мира Стојчевска потенцира дека Буџетот е развој, за граѓаните и потребите на сите граѓани во РМ.
За Панче Иванов од СДСМ буџетот е реално остварлив.
-Нема дилема дека се стабилизирани условите за работење во економијата и дека ќе придонесе мерките да дојдат до граѓаните, рече Иванов
Димитар Стевананџија од ВМРО-ДПМНЕ наведе дека буџетот за наредната година не обезбедува повеќе пари за граѓаните и подобар живот.
– Две години има се помалку пари и подобар живот поади зголемените даноци, акциза и цената на нафтата, рече Стевананџија.
Според неговата сопартијка Нада Ципушева буџетот е нереален, а најобемен буџет, во кој, како што рече, за жал нема споменато ниту еден проект за Општината Радовиш.
Павлинче Честојнова истакна дека ова никако не може да биде реален буџет и буџет што одговара на потребите на граѓаните.
Сурија Рушиди од Алијанса на Албанците забележа на начинот на кој се распределени средствата и рече дека иако има значајно зголемување на капиталните инвестиции нема да се остварат ако се земе предвид нивното остварување годинава.
Буџетот за наредната година, во кој приходите се проектирани на 210,8 милијарди денари, а расходите на ниво од 228,5 милијарди денари. Буџетскиот дефицит ќе изнеусва 17,7 милијарди денари, односно 2,5 отсто од БДП.
Целите кои се поставени со буџетот во наредната година се повисоки стапки на економски раст, подобар животен стандард на населението, владеење на правото, повисоко ниво на социјална правда и зачленување во ЕУ и НАТО.
Ново на Сител
-
Екипите на ДПИ на терен, се вршат контроли на цените на производите
-
Укината забраната за сообраќај на тешки товарни возила на патот Кичево - Гостивар, преку Стража
-
Спасовски: Обраќањето на Сиљановска Давкова не понуди визија за иднината на државата
-
Застанала и излегла од возилото кое го управувала, тоа се придвижило и ја прегазило
-
Приведени двајца малолетници од Сарај, кај нив пронајдени два ножа и боксирач
-
Иницијатива GoDigital: Зајакнување на 15 македонски компании на нивниот пат за дигитална трансформација
-
Сиљановска Давкова: Време е за храбар ЕУ исчекор, по примерот на оној од 2004 година, што ќе означи реунификација на регионот во ЕУ
-
Излета возило од патот во Кичево – три лица повредени