Собранието треба да ја одржи петтата седница

Собранието на Република Македонија денеска треба да ја одржи 5. седница.
На дневен ред на седницата предложени се Граѓанската иницијатива на 217 граѓани за донесување закон за изменување на Законот за работните односи, Предлогот за престанок на мандат на членови на Комисијата за воедначување на казнената политика, како и Годишен извештај за работата на Државниот совет за превенција на детско престапништво и за состојбите во областа на правата на детето и детското престапништво во 2015 година.
Пратениците во рамки на оваа седница треба да ги разгледаат и Извештајот за работата на Агенцијата за администрација за 2016 година, Годишниот извештај за работата на Државната комисија за одлучување во втор степен во областа на инспекцискиот надзор и прекршочната постапка во 2016 година, Годишниот извештај за работата на Државната комисија за одлучување во управна постапка и постапка од работен однос во втор степен во 2016 година и Годишниот извештај за работата на Дирекцијата за заштита на личните податоци за 2016 година.
На седницата ќе се расправа и по Годишниот извештај на Комисијата за заштита на правото за слободен пристап до информациите од јавен карактер од 1 јануари до 31 декември 2016 година, Годишниот извештај за работата на Државната комисија за спречување на корупцијата во 2016 година, Годишен извештај за работата на Комисијата за воедначување на казнената политика во 2016 година, како и Извештајот за работата на Судскиот буџетски совет и реализацијата на Судскиот буџет за 2016 година.
Ново на Сител
-

Ивановски: Нашата цел е да изградиме двоколесечна електрифицирана пруга до 200 км на час за патнички и 120 км на час за товарен сообраќај
-

Митева: Владата категорично ги отфрла тврдењата на опозицијата за наводна нетранспарентност околу ИПАРД
-

Елмас прослави јубилеј, 200 натпревари во дресот на Наполи
-

Во Албанија поплавени околу илјада домови, евакуирани стотина семејства
-

Владата додели над 33.000 ваучери , 11.500 студенти веќе подигнале нови електронски уреди
-

Се обидувал да украде мопед, приведен крадец во Прилеп
-

Општина Ресен најави дезинфекција по поплавите во Царев Двор и Дрмени
-

Шампионот Јанта Волеј го претрпе третиот пораз во низа
