Собранието расправаше по точки од 91-та и 93-тата седница
Во рамките 93-та седница на Собранието на РМ, пратениците изгласаа измени и дополнувања на пакет закони од сферата на образованието кои се усогласуваат со Законот за општоуправна постапка.
Пратениците ги усвоија предлог-измените на законите за образование на возрасните, за наставниците во основните и средните училишта, за основно, средно и високо образование и за студентски стандард.
Пратениците попладнево продолжија расправа по точки и од четвртото продолжение на 91-та седница при што опозицијата даде повеќе забелешки за финансиските извештаи на повеќе државни агенции.
Собранието почна расправа по предлогот на одлука за одобрување на финансискиот план на Македонската радиотелевизија, чие продолжение претседателот на Собранието го закажа за понеденик, по завршувањето на 93-тата.
Ново на Сител
-
Предлог буџетот за следната година на пленарна седница
-
Обвинувања за криминал со превозот на ученици во Прилеп
-
Преглед на вестите од светот
-
Голема полициска акција - Приведени 23 лица поврзани со криминали во РЕК Битола, ТЕЦ Осломеј и Неготино
-
Мицкоски: Уште многу криминали ќе бидат обелоденети во следниот период
-
ВРЕДИ: Ахмети да признае дека згреши што го штитеше Груби
-
Центрите втор дом за лицата со попречености
-
Преглед на вестите од светот