Собранието расправа за измените на Законот за минимална плата поднесени од опозицијата
Собранието на Република Македонија денеска во рамки на претпладневниот дел од 67. седница ја продолжи расправата по Предлог-законот за измени на Законот за минимална плата, поднесен од опозицијата.
Со законот се предлага висината на минималната плата да биде 11 илјади денари во нето износ и таа да важи за сите сектори, како и да се формира фонд за поддршка на стандардот на живот на вработените.
Пратениците од опозицијата оценија дека сегашното законско решение за минимална плата е селективно и оти со него не се задоволуваат основните потреби на работниците. Парламентарното мнозинство, пак, смета дека се работи за популистичко решение и неиздржан предлог.
Орце Панчев од СДСМ посочи дека со законското решение што го предлагаат ќе им се помогне на вработените пред се во текстилната и кожарската индустрија, додека неговиот сопартиец Марјан Даскаловски оцени дека минималната плата во Македонија е најниска во регионот.
Според Светлана Јакимовска од ВМРО-ДПМНЕ, со законот се поткопува договорот за минимална плата постигнат меѓу Сојузот на синдикати на Македонија и на Организацијата на работодавачи на Македонија.
Пратениците од ВМРО-ДПМНЕ укажаа дека не може да се донесе зголемување на минималната плата без консултација со работодавачите и синдикатите и оти доколку законот биде донесен ќе се затворат голем број приватни компании, а без работа ќе останат околу 30 илјади работници.
Со расправа по оваа точка од дневниот ред, Собранието ќе ја продолжи работата по редовната едночасовна пауза.
Ново на Сител
-
Минималната дневница во земјавата колку 1,5 час работа во Германија
-
Тема на денот со Стефан Андоновски, министер за дигитална трансформација
-
Преглед на вестите од светот
-
Мицкоски: Брз електронски попис и една изборна единица
-
Муцунски: Софија е влезена во многу опасен наратив
-
Taблички во боја за службените возила
-
Дигитална лична карта, е-фактури, електронски барања за посебни истражни мерки
-
СДСМ алармира за ризична набавка во МВР