Собранието прифати повеќе законски измени во прво читање од финансиската сфера
Собранието на Република Македонија во рамки на денешното продолжение на 85-тата седница прифати измени на 27 закони од финансиската сфера кои ги проследи во второ читање.
Пратениците ги прифатија измените на Законот за експропријација во прво читање со кои се врши усогласување со Законот за општа управна постапка.
Вицепремиерот и министер за финансии Зоран Ставрески појасни дека согласно одредбите на Законот за општа управна постапка се воведуваат одредби во сите материјални закони за точно прецизирање на процедурите, роковите, надлежностите, прибавувањето на документи по службена должност и глобата што е предвидена доколку државните службеници не се придржуваат кон одредбите од Законот за општа управна постапка.
- Со ова усогласување ќе се постигне олеснување и зголемување на ефикасноста на постапката и ќе им се овозможи на странките со воедначена постапка да ги добиваат услугите од државната администрација, истакна вицепремиерот Ставрески.
На второ читање беа проследени и предлог законските измени на Царинскиот закон, на Законот за финансиски друштва, Законот за вршење услуги за брз транфер на пари, Законот за ревизија, Законот за инвестициски фондови, Законот за преземање на акционерските друштва, Законот за девизно работење, Законот за вршење сметководствени работи, Законот за игрите на среќа и за забавните игри и Законот за комунални такси.
Во прво читање беа прифатени и дадени на второ читање и измените на Законот за персонален данок на доход, Законот за лизинг, Законот за хартии од вредност, Законот за заштита на потрошувачите при договори за потрошувачки кредит, Законот за даноците на имот, Законот за даночна постапка, Законот за акцизи, Законот за приватизација и закуп на градежно земјиште во државна сопственост, Законот за Царинска управа, Законот за вршење на работи за застапување во царински постапки, Законот за додадена вредност, Законот за добивка, Закон за административни такси, Законот за царински мерки за спроведување на заштита на правата од интелектуална сопственост, Законот за супервизија на осигурување и на Законот за регистрирање на готовински плаќања.
Расправата по останатите точки од дневниот ред продолжува по редовната едночасовна пауза.
Претходно, свечена изјава дадоа министрите Фатмир Бесими, Бил Павлески и Горан Мицковски, кои не беа присутни на 88.седница кога се бираше новата Влада што треба да ги спроведе изборите.
На седницата не присуствуваа пратениците од опозицијата.
Ново на Сител
-
Во изминатото деноноќие 28 пожари, активни се три
-
До крајот на неделава променливо време со повремен дожд и грмежи
-
Од 4 август онколошките пациенти ќе можат таблетарната терапија да ја подигнуваат од аптеките
-
Обвинение за мотоциклистот кој усмрти пешак на пешачка патека и побегна
-
Приведен возач од струшко, управувал возило со 176 км на час каде дозволената брзина е 80 км на час
-
Кривична пријава за криумчарење пиротехника - запленети и цигари и фалсификувана стока | ФОТО
-
Приведено лице затекнато како потпалува ѓубриште и сува трева во близина на штала со добиток
-
Кривични пријави против две лица за неовластено поседување огнено оружје и муниција | ФОТО