Македонија
30. July 2025 - 19:45

Брн: Предолгиот и мачен пат на Македонија кон ЕУ мора да заврши, но нема напредок без внесување на Бугарите во Уставот

Предолгиот и мачен пат на Македонија кон членство во ЕУ мора да заврши. Со ваква порака денеска во Скопје пристигна ирскиот министер за европски прашања и одбрана. Брн вели дека Македонија сепак мора да го почитува договорот за внесување на Бугарите во Уставот, без да даде конкретен одговор дали Унијата може да грантира дека ова ќе биде последно барање на Софија.

Македонија не бара репреговарање на она што веќе е преговрано, туку гаранции дека евроинтегративниот процес ќе има крај, вели и министерот Муртезани. Во исчекување на одоговор од Бугарија за заедничка резолуција која ќе ја потврди посебноста на македонскиот јазик и идентитет, Муртезани смета дека овој документ не е против, туку за унапредување на меѓусоседските односи.

Проширувањето на ЕУ со земјите од регионот ќе биде високо на агендата на ирското претседавање со Унијата во втората половина на следната година. И Брн и Муртезани изразија надеж дека токму овој период ќе донесе значителен напредок во процесот.