-->
-->
Собранието ќе се вклучи во кампањата за референдумот, за деталите во текот на денот
-->

Собранието ќе се вклучи во јавната кампања за референдумот, а информациите како тоа ќе го направи ќе ги презентира преку соопштение за јавноста во текот на денот. Се очекува да бидат објавени и средствата што ќе бидат одвоени за кампањата. Други детали засега официјално не се соопштуваат.
Во Сообранието заврши координативната средба на претседателот на Парламентот Талат Џафери со првите луѓе на пратеничките групи на која присуствуваше и претставник на Владата. На координацијата вообичаено не присуствуваа претставници на опозициската ВМРО-ДПМНЕ.
Собранието е предлагач на одлуката за распишување на референдумот за името на 30 септември. Одлуката беше предложена со потписи на 69 пратеници. Парламентот, според Законот за референдум, треба да спроведе јавна кампања, но исто така тоа можат да го сторат и други заинтересирани страни.
-->
-->
-->
Ново на Сител
-

Тема на денот со Петар Арсовски, политички аналитичар
-

Предвремени избори во Брвеница
-

Предвремени избори во Брвеница
-

Протести во Тирана, албанскиот премиер обвинува за странско влијание
-

Радуков се сомнева во македонските власти
-

Се укинуваат 33 учебници за основно, експертите сметаат дека е потребна сериозна промена и кај кадарот
-

Секој ден е важен, побрза дијагноза за ракот на дојка во Штип
-

Ќе се заштитува Студенчишкото блато
