Собранието ќе се бира директор на ОТА и главен државен ревизор
Собраниската Комисија за прашања на изборите и именувањата утре ќе одржи седница на која треба да биде предложен избор на директори на неколку институции и членови на комисии, меѓу кои и на Оперативно-техничката агенција - ОТА и главен државен ревизор.
Исто така се очекува Комисијата да донесе предлог-одлука за изменување на Одлуката за висината на надоместокот на пратениците за користење на автомобил во лична сопственост за службени цели и надоместок на трошоци за патарина и да донесе одлука за утврдување на висината на надоместокот за закупнина на стан.
Пратениците треба да утврдат предлог за избор на главен државен ревизор на Државниот завод за ревизија, за избор на претседател и членови на Државната комисија за одлучување во втор степен во областа на Инспекцискиот надзор и прекршочната постапка, да утврдат коефициент за плата на директорот на Оперативно - техничката агенција и да утврдат Предлог - одлука за избор на директор на ОТА. Се очекува утре исто така да биде утврдена Предлог - одлука за избор на заменик директор на Дирекцијата за заштита на личните податоци, за именување на претседател и членови на Комисијата за заштита на конкуренцијата, за именување на претседател и членови на Комисијата за заштита на правото на слободен пристап до информации од јавен карактер, за разрешување на член на Државниот совет за превенција на детско престапништво, за избор на членови на Државниот совет за превенција на детско престапништво, како и за именување член на Републичкиот совет за безбедност на сообраќајот на патиштата.
Собраниската Комисија треба да утврди и Предлог-одлука за разрешување и именување на претседатели и членови на одборите за доделување на државните награди 8 Септември и 23 Октомври, да ја дополни одлуката за именување на претседател, потпретседател, членови и заменици - членови на Националниот совет за евроинтеграции, како и на на Буџетскиот совет на Собранието на Република Македонија
Ново на Сител
-
Опожарен стан во Ѓорче Петров, гори ѓубриште во домот „Ранка Милановиќ“
-
Русија осуди тинејџер на 12 години затвор поради испраќање пари на армијата на Киев
-
Радев: На државниот врв на Република Северна Македонија им недостасува познавање на меѓународното право
-
Трипуновски: Ги потпишав сите заостанати договори и документи во Министерството
-
Најмногу дожд наврнал во Охрид
-
На „Табановце“ се чека околу 20 минути за влез во земјава
-
Србија: Го величел напаѓачот пред израелската Амбасада во Белград и признал дека ја поддржува ИД
-
Пожарникари од четири земји и ова лето ќе бидат лоцирани во Грција за да помагаат во гаснењето на пожарите