Собранието ќе расправа за францускиот предлог

Денеска пратениците во Собранието ќе расправаат за францускиот предлог. Пред почетокот на оваа собраниска седница, ќе се обрати и претседателката на Европската Комисија, Урсула фон дер Лајен. Фон дер Лајен ќе биде примена од претседателот на државата Стево Пендаровски.
Пред одржувањето на собраниската седница, предвидена е средба на претседателката на ЕК со претседателот на Собранието, Талат Џафери. По завршувањето на 80.седница, закажана е нова 81. седница, со почеток во 13.30 часот, на чиј дневен ред е информација за содржината на Предлог – преговарачката рамка за пристапните преговори на Македонија со Европската Унија, предложена од претседателството на Франција со Советот на Европската Унија.
За денес е предвидена тет-а-тет средба на претседателката на ЕК со претседателот на Владата, Димитар Ковачевски.
Ново на Сител
-

Кога Македонците ќе зборуваат во Унијата по цени како дома?
-

Нова сесија од стратешкиот дијалог со САД
-

Тема на денот со Васко Наумовски, поранешен амбасадор во САД
-

Низа настани за одбележување на 75-годишнината на Државниот архив
-

Дизелот поскапува, бензинот БС-95 поевтинува: Нови цени од полноќ
-

Нова сесија од стратешкиот дијалог со САД
-

Подгответе се за долги редици на граничните премини со ЕУ, од петок стартува новиот систем
-

Студентите албанци на протест: Бараат полагање на правосуден испит и на албански јазик
