Собранието ќе ја одржи 60. седница по што се закажани продолженија на уште четири седници
Собранието денеска ќе ја одржи новата 60. седница, на чиј дневен ред се вкупно 11 точки по што треба да продолжи со продолженијата на уште четири седници. Според информациите објавени на веб страницата на Собранието, по завршувањето на 60.седница треба да продолжат 59-та, 55-та, 51-та и 43-та седница на кои има останато по неколку законски решенија за разгледување.
Пред пратениците на 60. седница е Предлог на законот за ратификација на Договорот за стратешка соработка меѓу Владата на Република Северна Македонија и Владата на Унгарија. Договорот за стратешка соработка меѓу Владата на Република Северна Македонија и Владата на Унгарија, потпишан е во Скопје, на 13 јуни 2025 година. Тој беше потпишан за време на посетатата на шефот на унгарската дипломатија Петер Сијарто, чиј домаќин беше министерот за надворешни работи и надворешна трговија, Тимчо Муцунски.
Исто така, на дневен ред на седница се и Предлог на одлуката за изменување на Одлуката за одобрување на продолжување на рокот за постоење на кризна состојба на дел од територијата на државата, Предлог- законот за ратификација на Договорот за стратешка соработка меѓу Владата на Република Северна Македонија и Владата на Унгарија, Предлог на законот за ратификација на Договорот за пристап до високо образование и прием на студии во Западен Балкан, Предлог на одлуката за разрешување и именување на претседател и членови на Одборот за доделување на Државната награда „23 Октомври" и Предлог на одлуката за разрешување и именување на претседател и членови на Одборот за доделување на Државната награда „11 Октомври".
На дневен ред на седницата во прво читање се Предлог на законот за внатрешни работи, Предлог на законот за изменување и дополнување на Законот за полиција, Предлог законот за изменување и дополнување на законот за рибарство и аквакултура, Предлог на законот за изменување и дополнување на Законот за метрологијата, Предлог на законот за изменување и дополнување на Законот за домување и Барањето за давање на автентично толкување на членот 2 од Законот за материјално обезбедување на невработените лица поради приватизацијата на претпријатијата со доминантна сопственост на државата, поднесено од пратеникот Бране Петрушевски.
Во рамки на 59. седница пратениците треба да се произнесат за Предлог-законот за возила кој се носи по скратена постапка, по што треба да продолжи 55-та седница на која има две неразгледани точки - Предлог-одлука за испраќање на припадник на Армијата во меѓународната операција „Алтеа“ во Босна и Херцеговина и Предлог-измените на Законот за воздухопловство.
Во рамки на 51. седница исто така се останати две точки за разгледување - Предлог-закон за ратификација на договорот за Централноевропската програма за размена на универзтетски студии и Годишниот извештај за работата на Судскиот совет за 2024 година, додека на 43-та седница останати се уште осум точки на дневен ред главно од социјалната сфера, по кои треба да се произнесат пратениците.
МИА
Ново на Сител
-
Кривична пријава против две лица од Велешта кои му се заканувале на пратеник од Струга
-
ЦУК: 15 пожари на отворен простор, девет активни и шест под контрола
-
Од ноќеска нестабилно со пороен дожд и грмежи и услови за краткотрајно невреме, особено во четврток
-
Митевски: Најдоцна до крајот на септември зонско паркирање во Ново Лисиче и Реонски центар
-
Поевтинуваат бензините и дизелот
-
Повторно поставен споменикот на Андон Лазов-Ќосето
-
Изминатиов викенд 1148 сообраќајни прекршоци на територија на цела држава, 458 за брзо возење
-
Македонски боксерски судија нападнат во ринг од страна на азербејџански тренер | ВИДЕО