Собранието ќе ја одржи 30. седница
Собранието денеска ќе ја одржи 30-та седница. На дневен ред се вкупно 26 точки меѓу кои и Дополнетиот предлог на закон за изменување на Законот за употребата на македонскиот јазик, Дополнетиот предлог на закон за изменување и дополнување на Законот за аудиовизуелните добра и Предлог-измените на Законот за јавните набавки, сите во второ читање.
Пратениците ќе дискутираат и по Предлог-одлуката за испраќање на припадници на Армијата во меѓународната операција на Организацијата на обединетите нации „УНИФИЛ“ во Либан, Предлог- одлуката за објавување јавен оглас за член на Комисијата за заштита на конкуренцијата, Предлог одлуката за објавување јавен оглас за член на Државната комисија за одлучување во управна постапка, постапка од работен однос и инспекциски надзор во втор степен, како и Предлог одлуката за избор на заменик - директор на Агенцијата за заштита на личните податоци.
Во рамки на оваа седница по скратена постапка се поднесени неколку предлог-закони како што се измените на Законот за услуги, Законот за таксата за привремен престој, Законот за трговија, Законот за угостителската дејност, Законот за туристичката дејност, Законот за градежните производи, Законот за класифицирани информации, Законот за санитарната и здравствената инспекција...
Во прво читање на дневен ред има неколку закони кои главно се од економската сфера.
Ново на Сител
-
Петмина скијачи загинаа во лавини на француските Алпи
-
Повикот за бојкот на маркетите добива се поголема поддршка, Владата со засилени контроли во трговските ланци
-
Џозеф: Македонскиот модел може да послужи во Србија, САД можат да бидат посредникот
-
Трамп: Зошто хеликоптерот не одеше нагоре или надолу, или се сврти
-
Дали студентските протести во Србија се „обоена револуција“, како што тврди власта
-
Во Вашингтон патнички авион се урнал во реката Потомак по судaр со воен хеликоптер, има жртви
-
Магла во Делчево и Струмица
-
Облачно со локален дожд, температури до14 степени