Собранието ќе ја одржи 28-та седница, ќе заседаваат и две комисии
Собранието на Република Северна Македонија денеска ќе ја одржи 28-та седница на која на дневен ред се Дополнетиот предлог на закон за стручно образование и обука, Дополнетиот предлог на закон за изменување и дополнување на Законот за основното образование, Предлог на законот за престанување на важењето на Законот за основање на Национална агенција за нуклеарни технологии на Република Македонија, Предлог на законот за Националната рамка на квалификации, Дополнетиот предлог на закон за учебници во основно и средно образование и Дополнетиот предлог на закон за образование на возрасните, сите во второ читање.
Во Собранието денеска ќе заседаваат и две комисии - Комисијата за финансирање и буџет и Законодавно правната комисија. На дневен ред на двете комисии има само една точка - Предлог на законот за изменување и дополнување на Законот за јавните набавки, во второ читање. За предлог-законот се поднесени два амандмани.
Ново на Сител
-
Вучевиќ: Обвинение за трагедијата во Нови Сад во наредните недели
-
Одреден притвор за министерот за безбедност на БиХ, Ненад Нешиќ
-
Дедомразовска трка на плоштадот во Скопје
-
Утре пресуда за мајката и таткото на Коста - детето убиец од ОУ „Владислав Рибникар“ во Белград
-
Во Скопје и други градови изутринава претреси во врска со криумчарење луксузни возила
-
Хрватите гласаат на претседателски избори
-
Бројот на загинати во авионската несреќа во Јужна Кореја се искачи на 120
-
Состојба на патишта