Собранието ќе го ратификува Договорот со Бугарија на 15 јануари

Предлог-законот за ратификација на Договорот за пријателство, добрососедство и соработка меѓу Република Македонија и Република Бугарија ќе биде на дневен ред на 30. собраниската седница, закажана за 15 јануари.
Предлогот кон крајот на минатиот месец помина на Комисијата за надворешна политика.
Договорот, како што објави МИА, беше потпишан на 1 август 2017 година од страна на премиерите на двете држави, Зоран Заев и Бојко Борисов, заради зацврстување на меѓусебните пријателски односи, унапредување на добрососедството, развивање на сестрани меѓусебни односи, согласно меѓународното право.
Тој е резултат на петгодишен договарачки процес на работните групи на двете МНР и претставува наградба на договорот потпишан во 1990 година.
Бугарската вицепремиерка за правосудни реформи и министерка за надворешни работи Екатерина Захариева кон крајот на минатиот месец во интервју за Бугарско национално радио (БНР) најави дека дека Договорот ќе биде ратификуван во Народно собрание во јануари.
- Договорот за добрососедство со Македонија е проследен од Владата до Собранието, не е ратификуван се уште, но се надевам дека во јануари народните пратеници ќе го поддржат. Поважно е дека уште пред да се ратификува договорот, т.е. да стапи на сила, тој се исполнува. Дури и да беше ратификуван, ако нашите односи продолжија да течат на истиот начин, што од тоа дека сме потпишале Договор за пријателство и добрососедство, изјави Захариева.
На 15 јануари официјално ќе биде претставено и претседателството на Бугарија со ЕУ.
По тој повод бугарскиот амбасадор во Македонија Иван Петков пред членовите на собраниската Комисија за европски прашања ќе ги презентира програмата и приоритетите за работа на бугарското претседателство во следниве шест месеци.
Ново на Сител
-

Обрадовиќ повеќе не е тренер на КК Црвена Звезда
-

Трамп го уверил Нетанјаху дека секој конечен договор со Иран ќе го вклучи и иранското нуклеарно досие
-

Уапсен тетовец кај Фонтана во Градски парк, физички нападнал полицаец
-

Мицкоски: Народ кој не ја познава својата писменост лесно станува туѓ во сопствената историја
-

18-годишник со автомобил излетал од патот и тешко се повредил
-

Во летниковец на Средно Водно пронајдено безживотно тело на 64-годишен маж
-

Константин Филозоф – св. Кирил: 42 години живот и дело што се памети 12 века
-

Уапсен водич во автобус од Косово, пробал да подмити полицајци со 50 евра
