Собранието ја продолжи 125. седница со расправа по измените на Кривичниот законик
Собранието попладнево ја продолжи 125. седница со расправа по Предлог-законот за изменување и дополнување на Кривичниот законик, по скратена постапка, во второ и трето читање.
Прв за збор се јави пратеникот од ВМРО-ДПМНЕ Бојан Стојановски, оценувајќи дека овој закон е олицетворение на хипокризијата на власта.
Стојановски забележа дека на Парламентот му е приоритет да зборува за Кривичниот законик, наместо за она што се случува на Онкологија.
- Замислете, тие што имаат можност да ги управуваат институциите, поднесуваат зкаон кој комплетно ќе го урниса системот во државата. Со овој закон се јасни две работи - несоборливата вистина дека ќе одите во опозиција и од правдата нема да избегате, обвини Стојановски.
Во обраќањето, тој предложи да се изградат нови споменици, за реформите, како што нагласи, во правосудството на СДСМ,
-Први ќе ги ставиме буквите СЈО, потоа до нив Катица Јанева, па Добрила Кацарска и Вилма Рускоска, кандидат за уставен судија Љубомир Јовески кој нема отворено ниту еден предмет, а изгореа луѓе во автобус, во модуларна болница, а на крај ќе го ставиме Абази. Мементо паркот ќе биде наречен „СДСМ и правосудството“, рече пратеникот од ВМРО-ДПМНЕ.
За Гордана Силјановска Давкова е нејсно како може Кривичен законик да се смени за неколку часа.
-Денеска бев сведок на јавно убиство на правото и правдата во Комисијата за антиевропски прашања, истакна Силјановска Давкова.
Претседателот на Собранието Талат Џафери на почетокот на продолжението на седницата информира дека Владата го повлече Предлог-законот за авотрски права.
Ново на Сител
-
Пронајдени се планинарите кои се изгубија во тетовско
-
Министерот Муцунски во официјална посета на Република Чешка
-
Во Турција разрешени тројца градоначалници од прокурдска партија, обвинети за тероризам
-
Пелистер со гол во финишот го совлада Вардар
-
Ф1: Верстапен прв низ целта во Сао Паоло
-
Предлог одлуката за избор на членови на ДИК пред Комисијата за прашања на изборите и именувањата
-
Маја Санду победи на претседателските избори во Молдавија
-
Израелците приведоа ирански „оперативец на терористичката мрежа“