Собранието ја поддржа потребата Предлог-законот за амнестија да се донесе по скратена постапка
Со 96 гласа „за“, три против и без воздржани, Собранието попладнево усвои заклучок Предлог-законот за амнестија за настаните од 27 април 2017 поднесен од група пратеници да се разгледува по скратена постапка.
Зекир Рамчиловиќ, еден од предлагачите на Предлог-законот, кој е дел од планот за помирување инициран од власта, образложувајќи ја оправданоста за донесување по скратена постапка рече дека со предлогот се уредува начинот на ослободување од кривично гонење, запирање на поведените кривични постапки, ослободување од извршување условна осуда и ослободување од издржување на казната затвор на лицата за кои постои основано сомневање дека сториле кривично дело поврзано со настаните во Собранието на Република Македонија од 27 април минатата година.
- Со оглед на тоа што не е во прашање сложен и обемен закон согласно член 170, алинеја 1 од Деловникот на Собранието, предлагаме Соблранието да расправа по предлог на законот по скратена постапка, рече Рамчиловиќ.
Претседателот на Собранието Талат Џафери ја прекина 76-тата седница за двете собраниски комисии – матичната Комисија за политички систем и односи меѓу заедниците и Законодавно-правната комисија да заседаваат и нивните претседатели, како што рече, да го известат за датумот на одржување на седниците на кои ќе го разгледуваат овој Предлог-закон.
Ново на Сител
-
Вработена во казино од прометот одзела 816.297 денари и ги искоцкала на апарати
-
Злато вредно 1.8 милион евра украдено во грабежот во Гостивар
-
Две малолетнички во Карпош тепале врсничка, настанот го снимале и го споделиле на социјални мрежи
-
Битолчанец продавал марихуана на затвореници од КПУ Затвор Битола
-
Екс американскиот амбасадор во Белград: Бомбардирањето на Србија беше грешка
-
18-годишник од Скопје обљубил малолетничка
-
Полицаец во дебарско враќајки го пиштолот од кој предходно пукал во футрола, си ја повредил ногата
-
Трамп очекува заложниците на Хамас да бидат ослободени в понеделник