Македонија
29. July 2025 - 16:43

Собранието ја констатираше оставката на претседателката на Антикорупциска

По неполни две години заврши кариерата на Татјана Димитровска како Претседател на Антикорупциска. Само неколку дена откако ја поднесе, Собранието ја констатираше нејзината оставка.

Димитровска се најде среде проблеми на стартот од пролетта кога истражителите во случајот Адитив ја најдоа нејзината комуникација со обвинетиот екс директор на ТЕЦ Неготино Небојша Стојановиќ кога го вештачеа неговиот телефон. Пораките со тајни податоци од истрагата поврзана со овој предмет со набаквата на адитиви во ЕСМ кои Димитровска му ги праќала на Whats Up и Вибер беа доволни за обвинителството да и поднесе обвинение. Неколку дена подоцна таа си поднесе оставка откако претходно со месеци одбиваше да го стори тоа. Ветувањата за чесна борба против корупцијата останаа само материјал во видео архивите

Кога нејзиниот телефон падна во рацете на Обвинителството тоа и донесе уште еден проблем. Испитот за сертификатот за државна тајна го полагал друг во нејзино име, а таа преку Вибер му ги испратила своите податоци за логирање. И двјацата добија кривични па обвинение. Ако ја прогласат за виновна за секое од делата и се заканува до 5 години затвор.

Оставката на Димитровска остава празно место во Антикорупциска во пресрет на локалните избори а мнозинството по соодветни консултации најавува обид нејзиниот наследник да биде избран пред изборните рокови да го забранат тоа.